Борец Баскет се врати на победнички пат во Кавадарци, следи решавачко коло за плеј-оф

Борец Баскет експресно им се врати на победите по саботниот висок пораз од Бутел, запишувајќи убедлива гостинска победа во Кавадарци. Велешани без поголеми проблеми го совладаа последнопласираниот тим на табелата, екипата на Спортисимо, со убедливи 67:90.

Избраниците на Ангел Љутков уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и ритам, што се виде и по резултатот во првата четвртина (15:27). Иако домаќините се обидоа да парираат во вториот период, Борец ја задржа контролата и на полувреме замина со солидна предност. Клучниот момент беше третата четвртина, во која велешани повторно додадоа гас и практично го решија победникот (21:33), за натпреварот мирно да го приведат до крај.

Agria

Најефикасен во редовите на Борец Баскет беше Трпески со 16 поени, додека Несторовски и Елис додадоа по 14 поени секој, во уште една тимска и дисциплинирана партија на велешкиот состав.

Во пресрет на последното коло од регуларниот дел, кое директно ќе одлучува за пласманот во плеј-офот, ситуацијата на табелата е исклучително неизвесна – сите четири екипи имаат идентичен скор од 12 победи и 3 порази. Борец Баскет во недела на домашен терен ќе ја пречека екипата на Овче Поле од Свети Николе, и со победа ќе го обезбеди третото место во групата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: