Со поглед кон успехот, Борец ја стартува јубилејната година со напорни подготовки и државни првенства

Борачите на Боречкиот клуб Борец веднаш по новогодишните празници се вратија на тренинг и без пауза ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Базичниот дел од подготовките го одработија во ладна сала, а сега пред нив е сериозен предизвик – три напорни викенди исполнети со државни првенства во сите возрасни категории.

Секој сабота и недела велешките борачи ќе настапуваат на шампионатите, каде клубот ќе биде претставен со голем број натпреварувачи. Од клубот велат дека подготовките се одвивале според планот и изразуваат надеж дека трудот и дисциплината ќе резултираат со добри пласмани и нови успеси.

Agria

Оваа сезона има и посебна тежина, бидејќи Боречкиот клуб Борец одбележува 65 години од своето постоење – јубилеј кој дополнително ги мотивира борачите и стручниот штаб да ја започнат годината со силни настапи и достојно да ја продолжат долгата и богата традиција на клубот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: