Борец без одговор за Вардар, пораз со максимални 0:3

Женската одбојкарска екипа на Борец претрпе домашен пораз од скопски Вардар со максимални 0:3 (17:25, 14:25, 14:25) во рамки на 15. коло од Втората женска одбојкарска лига.

Велешанки не успеаја да парираат на гостинската екипа, која доминираше во сите три сета и заслужено стигна до победата. Ова за Борец е шести пораз во текот на првенствената сезона, со што тимот останува во средината на табелата.

Agria

Нема многу време за анализа, бидејќи веќе во среда Борец го очекуваат куп-обврски. Во рамки на Купот на Македонија, велешката екипа ќе се соочи со составот на Виктори Волеј, натпревар кој ќе биде нова можност за рехабилитација и подобро издание.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: