Tешка финансиска измама: Фирма од Велес оштетена за голема количина на пари

pari evra

Тешка измама во износ од 21.111 евра се случила во Велес. Фирма, по извршена уплата по фактура кон деловен партнер, добила известување дека трансакцијата не е реализирана, по што било утврдено дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата пренасочени на друга сметка.

„На 03.02.2026 во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра.  Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка“, информираат од полицијата.

Agria

Од СВР Велес додаваат дека дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: