Борец со убедливи 3:0 го елиминираше Виктори волеј и избори пласман во Купот

Во претколото од одбојкарскиот Куп на Македонија за жени, одбојкарките на Борец на домашен терен ја совладаа екипата на Виктори волеј со убедливи 3:0 во сетови и обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Велешанки од самиот почеток на натпреварот наметнаа сигурна и дисциплинирана игра, држејќи ја контролата врз резултатот и не дозволувајќи ѝ на гостинската екипа да воспостави ритам. Со организиран напад и стабилен прием, Борец ги реши сите три сета во своја корист без поголеми проблеми.

Agria

Следниот противник на Борец ќе биде познат по ждрепката за наредната фаза од Купот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: