Велешани немилосрдни на гости, Борец баскет со убедлива победа

Кошаркарите на Борец баскет остварија значајна победа на гостински терен, совладувајќи ја екипата на Водно Санс со убедливи 87:104, во натпревар во кој победникот беше решен уште во првите 20 минути од играта.

Велешани фуриозно го отворија мечот, брзо се одлепија на 10:23 уште во шестата минута, а првата четвртина ја завршија со високи 16:33. Иако домашните во втората четвртина се обидоа да се вратат со серија од 11:2 и намалија на 31:39, гостите експресно возвратија и повторно ја зголемија разликата. На полувреме Борец водеше со недостижни 38:63.

Agria

Во третата четвртина Водно Санс ја стабилизираше одбраната, но немаше офанзивна моќ да ја намали разликата, па по 30 минути игра резултатот гласеше 59:83. Во последниот период домашните отворија со 7:0, но тоа беше сè што успеаја да направат, бидејќи Борец рутински го приведе натпреварот кон крај за конечни 87:104.

Борец баскет прикажа одлично балансиран напад, со дури седум кошаркари со двоцифрен учинок. Чадамов беше најефикасен со 24 поени, новото странско засилување Зајон Јанг постигна 22, ветеранот Штерјов додаде 15, Сапроновски 13, Пајиќ 11, а Трпески 10 поени. Кај домашната екипа најрасположен беше Стојановски со 21 поен, Трајанов постигна 19, Кузманов 15, а Букрлишев 12 поени.

Следниот натпревар на Борец Баскет е овој викенд на домашен терен против екипата на Охрид која во првото коло загуби од екипата на Соколи 1933 со високи 20 поени разлика.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: