Како да се учи попаметно, а не потешко, промовиран Методот „Роганте“ во велешката библиотека

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, беше промовирана книгата Методот „Роганте“, нов едноставен метод за ефикасна организација на процесот на учење од италијанскиот автор Масимо Роганте, во превод на м-р Илија Настовски.

Станува збор за современ методолошки прирачник кој нуди јасна и применлива рамка за поефикасно учење, со фокус на саморегулираното учење и рационалното управување со интелектуалниот напор. Делото успешно ја поврзува теоријата со практиката, поставувајќи го учењето како активен, свесен и ментално организиран процес, наместо како механичко меморирање на информации.

Agria

Методот „Роганте“ е структуриран во логично поврзани фази што го водат ученикот од почетната ориентација во материјалот, преку длабинско разбирање и селекција на содржините, до нивно трајно меморирање и функционална примена. Ваквиот пристап е во согласност со современите педагошки и дидактички концепти, кои сè повеќе ја нагласуваат улогата на активниот ученик во процесот на учење.

Промоторката на делото на македонски јазик, Лили Арсова, истакна дека Методот „Роганте“ нуди јасен одговор на едно од клучните прашања на денешното образование, како да се учи поефикасно, подлабоко и подолготрајно. Таа нагласи дека со овој превод, делото станува достапно за македонската читателска и стручна јавност, збогатувајќи ја националната педагошка литература со квалитетна и применлива методологија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: