Борец Баскет ја продолжува трката за Супер лигата, Велес за прв пат ќе го види Зион Тимоти Џејмс

Borec Basket Ohrid

По еднонеделната пауза поради одигрувањето на кошаркарскиот Куп на Македонија, продолжуваат возбудувањата во Првата кошаркарска лига. Борец Баскет повторно излегува на паркетот во рамки на Топ 8 разигрувањето, а во Велес гостува екипата на Охрид.

Неделниот натпревар ќе биде посебно атрактивен за велешката публика, која за прв пат во спортската сала „Гемиџии“ ќе може во живо да ги проследи мајсториите на новото засилување Зион Тимоти Џејмс. Тој ќе го одигра својот втор натпревар во дресот на Борец Баскет и се очекува да донесе дополнителна енергија и квалитет во играта на домашниот тим.

Agria

Охрид во првото коло од Топ 8 фазата на домашен терен претрпе убедлив пораз од Соколи со 55:75, па во Велес доаѓа со амбиција за поправен испит. Сепак, избраниците на Борец Баскет ќе имаат јасна цел – победа со која ќе ја продолжат трката за пласман во плеј-офот и обезбедување место во Супер лигата.

Натпреварот меѓу Борец Баскет и Охрид ќе се одигра во недела во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 18 часот. Од клубот очекуваат силна поддршка од трибините во клучниот дел од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: