Сончево со мала до умерена облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. По одделни котлини можна е појава на утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 11 до 20 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 19 степени.

















