Коло број 5 од ТОП 8 фазата во Првата македонска кошаркарска лига носи четири интересни натпревари, во кои водечките екипи ќе се соочат со тимовите од, условно кажано, вториот дел од табелата. На хартија, фаворитската улога е на страната на домаќините, кои викендов ќе имаат поддршка од својата публика.
Во Велес ќе се одигра важен дуел во кој силите ќе ги одмерат Борец Баскет и Водно Санс. За велешани ова ќе биде исклучително значаен натпревар, бидејќи со евентуална победа можат да направат голем чекор кон обезбедување место во плеј-оф разигрувањето.
Очекувањата се за интересен и борбен натпревар, а поддршката од трибините може да биде дополнителен мотив за кошаркарите на Борец Баскет да стигнат до нова важна победа. Натпреварот во сабота во спортската сала „Гемиџии“ ќе започне во 17 часот.

















