Пионерскиот тим на РК Гемиџии утре ќе има нова можност да го подобри бодовното салдо во рамки на ракометната пионерска лига – Група Б. Младите велешки ракометари на домашен терен ќе се обидат да стигнат до нови бодови и подобар пласман на табелата.
Во рамки на 12. коло, Гемиџии ќе го пречекаат составот на РК Македонија Ѓорче Петров, во натпревар од кој домаќините очекуваат борбена и неизвесна игра. Дуелот ќе се одигра утре (сабота) во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес, со почеток од 11:30 часот.
Правдата на теренот ќе ја дели велешката судиска двојка Пепи Димков и Божидар Јованов. Од таборот на Гемиџии се надеваат на добра игра и поддршка од трибините, со цел пионерскиот состав да стигне до посакуваните бодови.
















