Фудбалерите на Борец 1919 АД продолжуваат со сигурните игри во Третата фудбалска лига – Југ, откако рутински ја совладаа екипата на Тополка со 2:0 и направија значаен чекор кон освојување на првото место. Со оваа победа велешани се одлепија на врвот на табелата со шест бода предност во однос на Превалец, кој до минатото коло беше лидер на табелата.
Херој на натпреварот беше Илхан Имеров, кој ги постигна двата погодоци за Борец. Особено впечатлив беше првиот гол, вистинско мало фудбалско ремек-дело, со кое домаќините го отворија резултатот во 20 минута и го најавија сигурниот триумф. Во продолжението Борец ја контролираше играта, не дозволувајќи изненадување и рутински ги освои трите бода.
Со новите три бода, Борец 1919 АД дополнително ја зацврсти лидерската позиција и јасно стави до знаење дека сезонава сериозно атакува на првото место во лигата. Во следното, 17. коло, велешани на домашен терен го пречекуваат составот на Млекар, тим кој се наоѓа во опасната зона за испаѓање, па на хартија Борец го очекува полесна задача и нова можност за зголемување на бодовната предност на врвот.

















