Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

















