Во рамките на 9. коло од Општинската фудбалска лига Велес беа одиграни три натпревари со вкупно 10 постигнати голови, а најефикасна беше екипата на Младост 1976 која во вистинска голеада го совлада Горски. Слободна во ова коло беше екипата на Форца Нова.
Младост 1976 одигра одличен натпревар и со убедливи 6:2 го победи тимот на Горски. Најрасположен беше Јавашев Николчe кој постигна хет-трик (8’, 21’, 77’), додека три погодоци додаде и Оливер Велковски (71’, 73’, 88’). За гостите стрелци беа Мартин Митковски во 12. минута и Бобан Андов во 55. минута.
Минимална, но вредна победа забележа Врановци, кои со 1:0 го совладаа Раштани Спорт 2025. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Ардит Шабанов во 55. минута. Во најнеизвесниот натпревар од колото, Локомотива 2018 славеше на гостувањето кај Согле со 2:1. Домаќините поведоа преку Бошко Јовановски во 41. минута, но гостите направија пресврт со головите на Робин Шабановски во 31. и Ѓунет Усеинов во 34. минута.
| 1 | ВРАНОВЦИ | 8 | 6 | 1 | 1 | 21/7 | 19 |
| 2 | МЛАДОСТ 1976 | 8 | 6 | 0 | 2 | 25/15 | 18 |
| 3 | ФОРЦА НОВА | 7 | 4 | 1 | 2 | 21/12 | 13 |
| 4 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 8 | 4 | 0 | 4 | 12/19 | 12 |
| 5 | СОГЛЕ | 8 | 3 | 1 | 4 | 10/15 | 10 |
| 6 | РАШТАНИ СПОРТ | 7 | 1 | 1 | 5 | 7/19 | 4 |
| 7 | ГОРСКИ | 6 | 1 | 0 | 5 | 11/20 | 3 |

















