Екипата на ГОК Борец ќе се бори за пласман во финалето од Купот на ОФМ 2026, откако ждрепка за завршниот турнир одлучи велешани во полуфиналето да се соочат со составот на Работнички 71&22. Финалниот турнир ќе се одигра на 27 и 28 март, а Борец повторно ќе има можност да се вмеша во борбата за трофејот.
Во машката конкуренција, во првиот полуфинален натпревар ќе играат ланските финалисти Штип УГД и Струмица 47&72, додека второто полуфинале е резервирано за дуелот меѓу ГОК Борец и Работнички 71&22, натпревар кој се очекува да донесе неизвесна борба за место во финалето.
Според распоредот, во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје на 27 март од 17:30 часот ќе се одигра првиот полуфинален натпревар, додека Борец и Работнички ќе излезат на терен од 19:30 часот. Велешани ќе имаат сериозен предизвик, но и голема шанса да стигнат до ново финале и да се борат за куп-титулата.
Победниците од полуфиналните дуели ќе се сретнат во големото финале кое е закажано за 28 март, кое ќе го затвори турнирот, ќе се игра од 19:30 часот. За ГОК Борец ова е нова можност за голем резултат, а велешката публика со право очекува тимот да направи чекор повеќе и да се избори за настап во финалето на Купот на ОФМ.

















