Променливо облачно со подолги сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 19 степени.
Времето во Велес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 3 до максимални 19 степени.

















