Борец баскет го скрши Вардар во последните минути

Во вистинска кошаркарска драма во салата „Гемиџии“ во Велес, екипата на Борец Баскет славеше тесна, но заслужена победа против Вардар, во натпревар во кој победникот се решаваше буквално во самиот финиш со резултат 82:76.

Домашните кошаркари отворија моќно, наметнувајќи силно темпо уште од стартот и создавајќи висока предност од 26:13 по првиот период. Сепак, гостите од Скопје возвратија со иста мера во втората четвртина, која ја добија со 24:13, па на полувремето Борец баскет имаше минимална предност од 39:37. Во продолжението следуваше израмнета и неизвесна битка, со чести промени во водството и голема борба на двете страни. Одлуката падна во последните минути, кога велешани покажаа повеќе присебност и квалитет за големо славје пред домашната публика.

Agria

Херој на натпреварот беше Американецот Тимоти Џејмс, кој блесна со 30 поени и беше клучната фигура во нападот на Борец баскет. Значајна поддршка доби од искусниот Штерјов со 16 поени, Чадамов кој постигна 14, како и Трпески со 12 поени. Кај Вардар, најрасположен беше Ѓорѓевиќ со 19 поени, Стојановски додаде 17, Терзевски реализираше 15, додека Данев натпреварот го заврши со 11 поени.

Со оваа победа, Борец баскет останува во игра за подобра позиција пред плејофот, а конечниот распоред на табелата ќе биде познат по одигрувањето на последното коло, кое ќе ги разреши сите дилеми околу доигрувањето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: