Во рамките на 10. коло од Општинската фудбалска лига Велес беа одиграни три натпревари кои донесоа сигурни победи и без поголеми изненадувања, но со важни поместувања во долниот дел од табелата. Екипата на Горски конечно покажа заби и со убедливи 3:0 го совлада Согле. Домаќините уште во првиот дел ја најавија победата со голови на Кристијан Пешов, Благој Наумов и Бобан Андов, ставајќи крај на серијата слаби резултати.
Форца Нова продолжува да игра прагматично и резултатски зрело. На гостувањето кај Раштани Спорт славеше минимално со 1:0, со погодокот на Цветан Нацев во второто полувреме, што беше доволно за нови три бода и задржување на чекорот со врвот.
Во дербито на колото, Тим Локомотива 2018 беше поуспешна од Врановци со 2:0. Херој на мечот беше Робин Шабаноски кој со два гола во финишот (77’ и 90’) донесе значајна победа и нови надежи за искачување на табелата. Слободна во ова коло беше екипата на Младост 1976, но и покрај тоа останува во самиот врв.
| 1 | ВРАНОВЦИ | 9 | 6 | 1 | 2 | 21/9 | 19 |
| 2 | МЛАДОСТ 1976 | 8 | 6 | 0 | 2 | 25/15 | 18 |
| 3 | ФОРЦА НОВА | 8 | 5 | 1 | 2 | 22/12 | 16 |
| 4 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 9 | 5 | 0 | 4 | 14/19 | 15 |
| 5 | СОГЛЕ | 8 | 3 | 1 | 4 | 10/15 | 10 |
| 6 | ГОРСКИ | 7 | 2 | 0 | 5 | 14/20 | 6 |
| 7 | РАШТАНИ СПОРТ | 8 | 1 | 1 | 6 | 7/20 | 4 |

















