Во рамките на 11. коло од Општинската фудбалска лига во Велес беа одиграни три интересни натпревари кои донесоа голови, пресврти и ново раздвижување на табелата.
Екипата на Врановци продолжува со одличните партии, откако со 3:1 го совлада тимот на Горски. Шабанов Адрит го отвори резултатот во 21. минута, а само шест минути подоцна Имеров Серхан зголеми на 2:0. Горски се врати во игра преку Благој Хаџи Наумов во 39. минута, но сите дилеми ги реши Шабанов Асрит со голот во 48. минута.
Највозбудливиот меч се одигра меѓу Согле и Младост 1976, каде гостите славеа со 2:4. За Согле погодија Аријан Колашинац во 51. и Азизов Блерим во 69. минута, но во центарот на вниманието беше Оливер Велковски кој постигна хет-трик (40, 55 и 60 минута), додека Јавашев Николче се запиша меѓу стрелците во 27. минута.
Форца Нова сигурно ги освои бодовите против Локомотива, триумфирајќи со 2:0. Петровски Бране донесе рано водство уште во 6. минута, а победата ја потврди Картинов Виктор во 22. минута. Во ова коло слободна беше екипата на Раштани.
| 1 | ВРАНОВЦИ | 10 | 7 | 1 | 2 | 24/10 | 22 |
| 2 | МЛАДОСТ 1976 | 9 | 7 | 0 | 2 | 29/17 | 21 |
| 3 | ФОРЦА НОВА | 9 | 6 | 1 | 2 | 24/12 | 19 |
| 4 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 10 | 5 | 0 | 5 | 14/21 | 15 |
| 5 | СОГЛЕ | 9 | 3 | 1 | 5 | 12/19 | 10 |
| 6 | ГОРСКИ | 8 | 2 | 0 | 6 | 15/23 | 6 |
| 7 | РАШТАНИ СПОРТ | 8 | 1 | 1 | 6 | 7/20 | 4 |

















