Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и посвежо време со повремени сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен, а на места вдолж Повардарието и во источните делови на земјата повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 21 степен.
Времето во Велес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 18 степени

















