Претежно облачно, а претпладне во источните делови со услови за слаб локален дожд. Вакви ќе биде времето денеска според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Велес времето ќе биде со услови за слаб дожд претпладне, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 16 степени.

















