Спортската сала „Гемиџии“ во Велес наскоро ќе добие нов, современ семафор кој ќе ги задоволува светските стандарди за следење на натпреварите. Деновиве е во тек монтажата на новиот систем, кој доаѓа со модерен дисплеј и напредна апликација за прецизно регистрирање на времето, постигнатите голови, кошeви и поени.
Семафорот е универзален и прилагоден за повеќе спортови, со широк спектар на функции кои ќе овозможат подобра организација и следење на спортските настани во салата. Покрај новиот семафор, салата ќе биде опремена и со нови кошаркарски обрачи, како и тајмери за кошарка, што дополнително ќе ги подобри условите за тренинг и натпревари.
Вредноста на инвестицијата изнесува 595.900 денари, односно околу 9.690 евра, а средствата се обезбедени од Општина Велес.



















