Пијан маж ја нападнал партнерката на гости и на улица – насилникот задржан во велешката полиција

SVR Veles policija

40-годишен маж од велешко бил лишен од слобода откако физички ја нападнал својата партнерка, како што соопштува полицијата.

Настанот се случил на 10 април околу 15:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го привеле осомничениот од велешко село. Според информациите, тој најпрво ја нападнал 37-годишната партнерка во домот на негов пријател, а потоа насилството продолжило и на улица.

Agria

Како што соопштува полицијата, по преземени мерки било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,21 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот биле известени Јавно обвинителство и Центар за социјални работи Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: