Сребро и две бронзи за KK Гладијатор на изборното државно првенство

Каратистите на Карате клуб „Гладијатор“ оставија силен впечаток на Државното сениорско првенство, кое воедно беше изборно натпреварување за претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 20 до 24 мај 2026 година во Франкфурт, Германија.

Иако станува збор за највисок ранг на домашна конкуренција, „Гладијатор“ покажа дека располага со квалитет и потенцијал за интернационална сцена. Особено се истакна Лука Бацковиќ, кој на своето деби во сениорска конкуренција стигна до одлично второ место во категоријата кумите +84 килограми, најавувајќи светла иднина.

Agria

Успехот го надополни и Марко Поптодоров, кој освои бронзен медал во дисциплината ката, додека машкиот ката тим на клубот исто така се закити со бронза, потврдувајќи ја конзистентноста во тимските настапи.

На првенството учествуваа 91 спортист од вкупно 29 клубови, со вкупно 81 пријава, што дополнително ја нагласува тежината на освоените резултати.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: