Во вечерните часови на 18 април 2026 година, велешката полиција приведе 37-годишен жител на Велес откако бил затекнат како управува товарно возило без да има возачка дозвола.
Како што информираат од СВР Велес, на улицата „АСНОМ“ околу 21:40 часот било сопрено товарно возило „Форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Р. При извршената контрола и проверки, полициските службеници утврдиле дека лицето управувало возило пред да се стекне со право на управување.
По насоки од јавен обвинител, Т.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















