Младите ракометари на Гемиџии газат сигурно, петта победа и убедлив триумф во Скопје

Пионерскиот ракометен тим на Гемиџии продолжува со одличните настапи во својата дебитантска сезона, откако на гостувањето во Скопје ја совлада екипата на Шампион со убедливи 11:25 (6:11). Велешани уште од самиот почеток на натпреварот ја презедоа контролата на теренот, наметнувајќи свое темпо на игра. Од минута во минута предноста растеше, а противникот немаше решение за разиграните гости.

Тренерскиот тандем Сашко Радевски и Никола Василев им даде шанса на сите ракометари, кои максимално ја искористија довербата и придонесоа за убедливиот триумф. Најефикасен во редовите на Гемиџии беше Лука Стефанов со пет постигнати погодоци.

Agria

Со оваа победа, младите велешки ракометари стигнаа до својата петта победа во првенството. До крајот ги очекува уште еден натпревар, на домашен терен против екипата на Алкалоид.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: