Врвна дијагностика поблиску до граѓаните: Рамус лабораторија со нов центар во Велес

Реномираниот лабораториски бренд Рамус лабораторија го проширува своето присуство во Македонија со отворање на нов, современ дијагностички центар во Велес. Со ова, жителите на Велес и околината добиваат директен пристап до врвни лабораториски услуги и современа медицинска дијагностика, согласно највисоките европски стандарди.

Новиот центар нуди широк спектар на анализи – биохемиски, хематолошки, микробиолошки, молекуларни и генетски испитувања. Со примена на најнова технологија и стручен кадар со долгогодишно искуство, се обезбедуваат прецизни, брзи и сигурни резултати, клучни за навремена дијагноза и квалитетна здравствена грижа.

Agria

 

Рамус лабораторија, која функционира од 2018 година, денес е еден од најголемите и најдоверливи лабораториски ланци во земјава. Мрежата опфаќа 14 лаборатории со поликлиники во 12 градови, со континуирани инвестиции во развој, иновации и унапредување на услугите.

Компанијата е дел од најголемиот лабораториски ланец на Балканот, со повеќе од 250 лаборатории во Бугарија, Романија и Македонија – што овозможува одржување на високи стандарди, следење на најновите медицински трендови и постојана едукација на персоналот.

Со отворањето на центарот во Велес, Рамус лабораторија ја зајакнува својата мисија – достапна, брза и сигурна дијагностика за секој пациент, поблиску до местото на живеење.

Свеченото отворање е закажано за среда, на 22-ри, а центарот се наоѓа на улица „Тодор Јанев“ број 5, близу до фитнес клубот „777“.

По повод отворањето, на 22 и 23 април ќе бидат доделени 100 бесплатни крвни слики.

Работното време на лабораторијата е од понеделник до петок од 07:00 до 19:00 часот, а во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

Рамус лабораторија – доверба, прецизност и грижа за здравјето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: