Ветераните на ОК Борец без пораз во група, но со бронза на крајот

Ветераните на ОК Борец имаа забележителен настап на турнирот во Сокобања, Србија, каде со сигурна и квалитетна игра стигнаа до бронзениот медал.

Во групната фаза, велешани беа доминантни. По победата во првото коло од групата , во вториот ден одиграа два натпревари и забележаа две победи, против екипата на Белград со 2:1 во сетови и против Ниш со убедливи 2:0. Со максимален ефект, без ниту еден пораз, Борец го освои првото место во својата група и најави сериозна борба за највисок пласман.

Agria

Сепак, во полуфиналето против Тузла, и покрај водството од 1:0 во сетови, следуваше неочекуван пад во играта – единствен на целиот турнир. Противникот го искористи моментот и направи пресврт за конечни 2:1, со што Борец остана без финале.

Во мечот за третото место, повторно против Ниш, ветераните на Борец одиграа стабилно и сигурно, славејќи со максимални 2:0 во сетови. Со оваа победа, велешани заслужено го освоија третото место, како и пехарот и бронзениот медал.

По успешниот настап во Сокобања, Борец се враќа на обврските во државната лига, каде веќе на 10 мај во Велес ќе се одржи следниот турнир.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: