Денеска топло и сончево, потоа пад на температурите и врнежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.

Во понеделник ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи. Од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: