Велес и годинава со паралелка за фудбал

Министерството за образование и наука распиша конкурс за упис на ученици во Државното средно училиште Спортска академија за учебната 2026/2027 година, со предвидени паралелки во повеќе градови, меѓу кои и во Велес.

Како и изминатите години, во Велес ќе функционира паралелка која ќе биде сместена во просториите на Гимназијата „Кочо Рацин“. Учениците ќе имаат можност да се образуваат според наставните планови и програми за гимназиско образование, но истовремено и да ги развиваат своите спортски способности.

Agria

Во велешката паралелка и оваа година ќе се реализира настава за фудбал, додека во останатите градови Спортската академија нуди можности за усовршување и во ракомет, кошарка и тенис.

Право на упис во прва година имаат ученици кои ги исполнуваат општите критериуми, но и посебните услови кои се однесуваат на проверка на спортските вештини за соодветниот спорт. Селекцијата ќе се врши согласно Законот за Спортска академија, при што ќе се вреднуваат физичките способности и спортските перформанси на кандидатите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: