На 26 април 2026 година во 17:00 часот, на регионалниот пат Штип–Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 37-годишен жител на Охрид.
При сообраќајна контрола извршена со радар, било утврдено дека лицето управувало патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки со брзина од дури 126 километри на час, на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 50 километри на час.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.



















