Сончево со мала до умерена облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 25 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. ќе дува слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 25 степени.



















