Кеги Моби храбро во финалето, но КМФ Проект со убедлив триумф до куп-трофејот

И покрај поразот, велешкиот состав на КМФ Кеги Моби остави силен впечаток во финалето од Купот на Македонија, каде што во Гевгелија се соочи со фаворизираниот КМФ Проект и загуби со 8:3.

Натпреварот започна со доминација на тимот од Валандово, кој рано го наметна своето темпо. Горан Стојанов го отвори резултатот уште во 4. минута, а само три минути подоцна Бојан Јанев зголеми на 2:0. Следуваше погодок на Мартин Тодоровски, по што Стојанов со својот втор гол донесе високи 4:0 веќе до 10. минута.

Agria

Кеги Моби, и покрај тешкиот резултат, не се предаде. Во самиот финиш на првото полувреме, Трајче Трајков намали на 5:1 и најави поинакво лице на велешани во продолжението. Сепак, КМФ Проект ја задржа контролата, а Никола Анчевски со нов погодок ја зголеми предноста. Кирил Ивановски возврати со втор гол за Кеги Моби, покажувајќи дека тимот од Велес  не случајно е во ова финале.

Во завршницата, Анчевски и Ѓорѓи Коцевски повторно беа прецизни за Проект, додека Ивановски уште еднаш се запиша меѓу стрелците за конечни 8:3. Иако резултатот е убедлив, настапот на Кеги Моби во финалето заслужува признание за борбеноста, желбата и три постигнати голови против шампионски состав.

За Кеги Моби ова е најуспешната сезона во својата историја. За прв пат играше Куп финал, а во првенството на едно коло пред крајот е на високото второ место.Со оваа победа, КМФ Проект за прв пат го освои Купот на Македонија, заокружувајќи ја сезоната со двојна круна, откако претходно го обезбеди и шампионскиот трофеј во домашното првенство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: