Невообичаена сцена денеска во велешката населба Превалец, каде љубителите на фудбалот видоа само 15 минути игра од натпреварот меѓу Превалец и Ултрас во рамки на 24. коло од Третата фудбалска лига – Југ.
Домашниот тим отвори силно и експресно поведе со 2:0, благодарение на погодоците на Александар Јордановски и Ристе Станковски. Сепак, наместо продолжение на натпреварот, следуваше неочекуван развој во 15. минута главниот судија го прекина мечот поради недоволен број на играчи кај гостинската екипа кој допатуваа со само осум играчи.
Иако резултатот на теренот остана 2:0, натпреварот ќе биде регистриран со службени 3:0 во корист на ФК Превалец, согласно правилата. Со оваа победа, Превалец и официјално го обезбеди второто место на табелата на крајот од сезоната, потврдувајќи ја одличната форма во текот на првенството.
До крајот останува уште еден предизвик, гостувањето кај ФК Башкими, со што ќе се заокружи уште една успешна сезона за тимот од Превалец.



















