Борец ветерани без загубен сет го освои Тетово

Двојните шампиони на Македонија, ОК Борец ветерани, се враќаат од тешкото гостување во Тетово со максимална победа од 2:0 во сетови (25:19, 25:19), во заостанатиот натпревар кој беше одложен поради настапот на велешани на турнирот во Сокобања.

Zito baner

Во вистински првенствен дерби натпревар, велешките одбојкари целосно го надиграа својот најтежок ривал и тоа на гостински терен, со што уште еднаш ја потврдија доминацијата во Државната лига. Од самиот почеток Борец ветерани наметна силно темпо, а домаќините немаа решение за расположениот состав од Велес.

Agria

Сите играчи го дадоа својот максимум, но особена разлика со своите разорни сервиси правеа Златко Жабев и Миланов, кои беа меѓу најзаслужните за убедливата победа. Одлична партија прикажа и Зафиров, кој во својата нова дебитантска улога како либеро успешно ги исполни задачите и внесе дополнителна сигурност во играта на Борец.

Потегот на натпреварот му припадна на Стојанов, кој со вистински „топовски“ смеч ја пукна топката при падот во полето, потег што предизвика воодушевување и аплаузи од објективната тетовска публика.

Нов предизвик за велешани следува веќе во недела, кога Борец ќе биде домаќин на третиот турнир, а во 11:30 часот ќе се соочи со екипата на ОК Гевгелија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: