(ФОТО) Борец со седум гола ја завери шампионската сезона, Чичевски го крена трофејот во Велес

Фудбалерите на Борец 1919 АД на шампионски начин ја прославија титулата во Третата фудбалска лига – Југ, откако со убедливи 7:0 го декласираа тимот на Младост Кривогаштани на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Zito baner

Натпреварот започна со 25 минути доцнење поради доцното пристигнување на гостинската екипа, но тоа воопшто не влијаеше врз расположението на велешани. Од првиот судиски свиреж Борец тргна офанзивно и со ефикасна игра уште еднаш покажа зошто сезонава е недопирлив на лигата. Напаѓачите на Борец безмилосно ја полнеа мрежата на гостите, а публиката уживаше во вистинска голеада и доминантно издание на новиот шампион.

Agria

По завршувањето на натпреварот следуваше и свечен момент. Членот на Управниот одбор на ФФМ и претседател на Третата лига – Југ, Сашко Тасев, заедно со претседателот на ОФС Велес, Трајче Шопов, му го врачија шампионскиот трофеј на капитенот Чичевски, по што започна славјето на фудбалерите и навивачите.

За Борец 1919 до крајот на сезоната останува уште гостувањето кај Бучин, по што велешкиот состав ќе се насочи кон баражот за пласман во Втората фудбалска лига.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: