Превалец ремизираше со Башкими во Чашка и ја заврши сезоната на второто место

Фудбалерите на ФК Превалец одиграа 1:1 против ФК Башкими во натпревар од 25. коло во ТФЛ Југ, кој вчера се одигра на игралиштето „Браќа Весови“ во Чашка.

Zito baner

Гостинската екипа од Превалец поведе во 26. минута преку Аце Јордановски, кој беше стрелец на единствениот гол за својот тим. Кога се чинеше дека трите бода ќе заминат кај гостите, домашните успеаја да израмнат длабоко во судиското надополнување. Во третата минута од дополнителното време, Февзи Ахмедов ја затресе мрежата за конечни 1:1.

Agria

За Превалец ова беше последен натпревар сезонава, бидејќи тимот во последното коло ќе биде слободен. Со освоениот бод, екипата го завршува шампионатот на второто место на табелата со 53 бодови.

Од друга страна, Башкими до крајот на сезоната го очекува уште еден натпревар, и тоа гостување кај екипата на Питу Гули во Крушево.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: