Одбојкарските ветерани на ОК Борец продолжуваат со перфектниот настап во Државната лига, откако во рамките на третото коло, кое се одигра во Велес, со максимални 2:0 во сетови ја совладаа екипата на Гевгелија.
Велешани уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и не му дозволија на противникот посериозно да се закани. Првиот сет Борец го доби со 25:19, а во вториот целосно доминираше за конечни 25:15 и нова убедлива победа.
Со три победи од исто толку натпревари и без загубен сет, Борец заедно со Шкендија останува на врвот на табелата со максимални девет бодови. Натпреварот против Гевгелија беше можност шанса на теренот да добијат сите играчи, а значаен придонес во победата имаа искусните Трајковски и Арсов, како и пожртвуваниот Коцев Тодор.
Во останатите натпревари од третото коло, Шкендија со 2:0 ја совлада Струмица, додека во дербито на колото Тетово по голема драма со 2:1 го победи Скопје. Решавачкиот трет сет заврши со тесни 15:13. Следниот турнир, односно четвртото коло од Државната лига, ќе се одигра на почетокот на јуни.



















