На ГП Богородица запленета плочка вредна 4,5 милиони денари

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари била запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица, информираа денеска од Царинската управа.

Zito baner

Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул бил издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Agria

„Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик“, посочија од Царинската управа.

Од таму порачаа дека во континуитет спроведуваат активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење вредна стока, со цел заштита на легалните трговски текови и економските интереси на државата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: