Два случаи на семејно насилство и прекршување судски мерки во Велес

SVR Veles policija

Во текот на 19.05.2026 година, полициски службеници од СВР Велес регистрирале и расчистиле два одвоени случаи поврзани со семејно насилство и непочитување на судски мерки.

Zito baner

Во првиот случај, во 19:15 часот, од слобода бил лишен С.Д. (70) од Велес, по претходна пријава од неговата 69-годишна сопруга дека физички ја нападнал пред семејниот дом. По преземените мерки било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со измерени 1,59 промили во крвта. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Agria

Во вториот случај, во 12:30 часот, во просториите на СВР Велес бил извршен службен разговор со А.З. (36) од Велес, по пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга за непочитување на привремени мерки изречени од Основен суд Велес. Според пријавата, тој и покрај забраната за комуникација, преку мобилни телефони на нивните малолетни деца воспоставувал индиректен контакт и ја вознемирувал.

И во овој случај, јавен обвинител бил известен, а по документирањето ќе биде поднесен соодветен поднесок против пријавениот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: