Познати се финалистите во Куп натпреварувањето под организација на Општинскиот фудбалски сојуз Велес, преку кое ќе биде одреден претставникот на велешкиот регион во националниот Куп што ќе стартува со почетокот на новата фудбалска сезона.
Во полуфиналната пресметка во Чашка, екипата на Башкими беше поуспешна од Борец 1919 по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0. По пенал рулетот, тимот од Чашка обезбеди пласман во големото финале.
Вториот патник во финалето е составот на Тополка, кој со сигурна игра ја совлада Младост со резултат 3:1 и заслужено избори место во завршниот натпревар.
Финалето е закажано за четврток 28 мај, на фудбалското игралиште во Превалец кога ќе биде познато која екипа ќе го претставува ОФС Велес во националниот Куп на Македонија на стартот од следната сезона.






















