Тројца жители од Велес и Чашка биле лишени од слобода откако полицијата добила пријава дека користеле дрога во угостителски објект во Велес. При интервенцијата, едно од лицата се однесувало агресивно кон полициските службеници, а на масата каде што седеле биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.
Од СВР Велес информираат дека на 20 мај околу 23:40 часот биле приведени 34-годишната С.Ч., 53-годишниот С.Т., двајцата од Велес, како и 55-годишниот С.Џ.Х. од село во општина Чашка.
„Полициски службеници ги затекнале лицата пред угостителскиот објект, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон нив, а подоцна на масата на која седеле во објектот биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја“, соопштија од СВР Велес.
За случајот бил известен јавен обвинител, а од местото биле подигнати траги и остатоци од прашкастата материја за понатамошно вештачење. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.






















