Пијан велешанец оштетил четири автомобили

veles dron Januari 2024

Триесет и едногодишен велешанец бил приведен откако во алкохолизирана состојба оштетил четири патнички возила на две улици во Велес.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, на 21 мај околу 01:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода П.Н.(31) од Велес, кој бил затекнат при оштетување на возила. Во инцидентот биле оштетени три патнички автомобили паркирани на улицата „11 Октомври“, како и уште едно возило паркирано на улицата „Никола Карев“.

Agria

„При преземање мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,47 промили алкохол во крвта“, информираат од полицијата.

Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: