Велешанец бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува мотоцикл без регистарски ознаки и без да поседува возачка дозвола. Од СВР Велес информираат дека на 22 мај 2026 година околу 11:20 часот на улицата „Никола Оровчанец“ во Велес, полициски службеници го привеле С.З. (43) од Велес.
„При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал С.З., а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување“, соопштија од СВР Велес.
Лицето било приведено во полициска станица, а мотоциклот бил одземен. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





















