Борачите на БК Борец продолжуваат да редат успеси на домашната сцена. На денешниот турнир во борење слободен стил за пионери и деца од подготвителни категории, кој се одржа во Општина Карбинци, велешкиот клуб оствари одличен резултат освојувајќи вкупно 10 медали.
Во конкуренција на 10 екипи и повеќе од 80 борачи, младите надежи на Борец освоија шест златни и четири сребрени медали, потврдувајќи дека клубот располага со квалитетни генерации и светла иднина.
Со ваквите настапи, БК Борец уште еднаш покажа дека сериозно се работи со младите категории и дека од Велес допрва ќе излегуваат успешни борачи.





















