Фатен на дело додека се обидувал да провали во црква кај Ветерско

policija svetla

Полициски службеници од СВР Велес утринава привеле 43-годишен маж од велешкото село Бузалково, откако бил затекнат во обид да провали во црква кај местото викано Ветерско.

Zito baner

Според информациите од полицијата, на 10 јуни околу 2:30 часот, на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници забележале лице кое излегло од патничко возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидувало насилно да влезе во црковен објект.

Agria

Откако ги забележал полицајците, осомничениот се оддалечил од местото, но по преземени мерки возилото било сопрено, а лицето идентификувано како Д.М. (43) и приведено во полициска станица.

При службениот разговор, Д.М. го признал делото, додека при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека биле користени при извршување на кривичното дело.

Од СВР Велес информираат дека за случајот бил известен јавен обвинител и дека по целосно документирање на настанот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: