На 27 и 28 јуни во Велес ќе се одржат првата и втората трка од Државниот ендуро шампионат на Македонија. Натпреварите се организираат од мотоклубот „Мото Велес“, Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.
Станува збор за традиционална спортска манифестација која годинава се одржува по 16-ти пат на добро познатата локација – ендуро полигонот „MX Track Motoveles“, кој со години е домаќин на најдобрите македонски ендуро возачи.
На трките се очекува учество на натпреварувачи од повеќе клубови од државата, кои ќе се натпреваруваат во класите Е1, Е2, Е3 и Е-јуниор.
Организаторите најавуваат возбудливи трки, атрактивни возења и добра можност љубителите на мотоспортот одблиску да уживаат во мајсторствата на најдобрите ендуро возачи во Македонија.
Почетокот на натпреварите е закажан за 27 и 28 јуни на полигонот „MX Track Motoveles“ во Велес.






















