Осуденик нападнал затворски полицаец во велешкиот затвор

Zatvor Veles

Осуденик од Отвореното одделение на Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Велес физички нападнал затворски полицаец додека тој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Zito baner

Според пријавата, настанот се случил на 15 јуни 2026 година во 15:45 часот, кога од установата било пријавено дека осуденикот М.Ј. го нападнал полицискиот службеник.

Agria

„На 15.06.2026 во 15:45 часот во СВР Велес, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес било пријавено дека осуденикот М.Ј. физички нападнал затворски полицаец додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Од полицијата додаваат дека случајот се расчистува и по комплетирањето на документацијата ќе следува соодветна правна постапка.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: