Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
Утринската температура ќе биде од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 31 степен.
Во Велес, денеска ќе има променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 степени наутро до 31 во текот на денот.
























