Возач од Скопје бил приведен откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Градско, кај клучката Каласлари.
Според информациите од СВР Велес, на 27 јуни во 18:55 часот, полициски службеници го лишиле од слобода П.В. (44) од Скопје, откако при увидот на сообраќајната несреќа било утврдено дека управувал патнички автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол.
Возачот претходно изгубил контрола над возилото и удрил во металната заштитна ограда на автопатот А1. При извршеното алкотестирање, кај него биле измерени дури 2,70 промили алкохол во крвта.
„На 27.06.2026 во 18:55 часот, на автопатот А1 Велес–Градско, кај клучка Каласлари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.В. (44) од Скопје. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,70 промили алкохол. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од СВР Велес.






















